МВР и ОЈО го расчистуваат случајот со украдениот мртовец во Струмица

Сподели

 

Денес во 9.30 часот е добиена пријава од општата болница во Струмица, откако група струмичани украле мртовец од Инфективното одделение, се наведува во соопштението на СВР Струмица.

Пациент на 49 годишна возраст бил примен во амбуланта во тешка состојба, откако претходно го донеле неговата ќерка и сопругата. По дваесетина минути починал, а дваесетина граѓани од турското маало во Струмица насилно го извлекле починатиот со кревет надвор во дворот на болницата, го дигнале од креветот и го префриле преку оградата, го ставиле во комбе и се упатиле во непознат правец.

Граѓаните кои го грабнале починатиот не им дозволиле на лекарите да потпишат посмртница и да ги пополнат потребните документи, а се однесувало насилно и кон медицинскиот персонал – изјави директорот на струмичката болница, д-р Наќе Гогов.

Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот, стои во соопштението.