СВР Куманово поднесе кривична пријава против М.Ш.(36) од Косово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,повреда на права од индустриска сопственост и неовластена употреба на туѓа фирма“. На 15.05.2025, пријавениот во државата внел повеќе парчиња разновидна облека од познати трговски марки за кои не поседувал документација и со фалсификувана ознака на трговските марки, што е спротивно на прописите за индустриска сопственост.
Регионалниот центар за Гранични работи Југ поднесе кривична пријава против Н.Р.(26) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „поднесување лажни докази“. Пријавениот, со намера да ја избегне забраната за влез што ја имал и да оствари влез и престојува во државите од Европската Унија, поднел барање за предвремена патна исправа поради наводна оштетеност, во кое навел дека ја оштетил од небрежност.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Д.Р.(49) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 10.10.2024, полициски службеници извршиле преглед над едно лице од Битола, при што бил пронајден и одземен кокаин, кој го набавил од пријавениот.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Т.Ф.(43) од с.Чегране, гостиварско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење”. Во април 2025 година во с.Чегране, пријавениот изведувал градежни работи на куќа, без да поседува одобрение за градба издадена од надлежен орган.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Б.Б.(43) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,вршење на јавен превоз без поседување на лиценца’’ и „фалсификување на службена исправа’’ и против Б.Ц.(55) од Прилеп, вработен во Јавно претпријатие „Национални шуми“ – подружница „Сандански“ во Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело ,,несовесно работење во службата“. На 21.02.2025 на патот Прилеп-Македонски Брод-Кичево, шумската полиција извршила преглед на товарно возило „ман“, управувано од првопријавениот, кое било натоварено со огревно дрво, при што е констатирано дека возилото го управува без да поседува лиценца за вршење на јавен превоз на стоки и услуги, а второпријавениот, во својство на референт по превоз, извршил обележување на дрвата пред да бидат натоварени во возилото.
Регионалниот центар за гранични работи Север поднесе кривична пријава против А.М.(29) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување на исправа’’. На 25.03.2025 на Граничен премин Табановце, на влез во државата, при гранична контрола пријавениот приложил фалсификуван француски зелен картон за патничкото возило кое го управувал.
На 20/21.05.2025 во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.К.(22) и Д.Б.(22), двајцата од Република Турција, со престој во Скопје и една малолетничка од с.Челопек, тетовско, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.
На 20.05.2025 во 21.06 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп, кај мостот на река Шемница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Л.(56) од с.Горно оризари, битолско и трактор со приколка, по што возачот на тракторот го напуштил местото на несреќата. Во несреќата возачот на патничкото возило Г.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола. Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.
На 20.05.2025 во 10.50 часот во СВР Тетово е пријавено дека на бул.„Илинденска“ во Тетово, патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Р.А.(19) од Тетово удрило во пешакот И.Ф.(81) од с.Мала Речица, тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничката болница Тетово. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.
На 20.05.2025 во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 09.00 часот во двор на основно училиште на подрачјето на Бит Пазар, по претходно недоразбирање, малолетник бил физички нападнат од двајца негови соученици, кои употребиле остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (21.05.2025) во 06.20 часот во СВР Скопје е пријавено дека околу 04.10 часот пред казино на подрачјето на Чаир во Скопје, едно лице фрлило шише со запалива течност, при што ја опожарило влезната врата на казиното. Пожарот е изгаснат од вработените, а повредени лица нема. Извршен е увид од екипа на СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.05.2025 во 23.50 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода В.Р.(43) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека на подрачјето на Карпош физички ја нападнал неговата сестра и агресивно се однесувал и со остар предмет се заканувал на Ј.Г.(46) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 20.05.2025 во 16.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар, по претходно недоразбирање во сообраќајот, нарушен е јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу С.И.(34) од Скопје и Ф.Г.(19) од с.Стајковци, скопско. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 19.05.2025 во 09.10 часот во СВР Скопје, Ј.Ш.(49) од с.Волково, скопско, пријавил дека во периодот од 22.00 часот на 18.05.2025 до 06.15 часот на 19.05.2025 во неговиот двор во с.Волково, скопско, фрлен е отров, при што е усмртено едно куче домашен миленик, додека друго куче е затруено и е спасено од ветеринар. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 20.05.2025 во 13.20 часот во Полициското одделение Шуто Оризари, С.А.(44) од Скопје пријавила дека од семејниот дом се оддалечила нејзината ќерка С.А.(14) од Скопје, која ѝ претходно се оддалечувала и била враќана. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
На 20.05.2025 во 14.28 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар во стара напуштена куќа. Повредени лица нема, а од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
На 20.05.2025 во 14.00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар настанал пожар во патничко возило во движење „цитроен Ц3“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(33) од Скопје. Повредени лица нема, а екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
извор МВР
