МВР објави меѓународна потерница по Сашо Мијалков

Сподели

 

МВР објави меѓународна потерница по Сашо Мијалков. Во полициската станица Кисела Вода сеуште е течат информативните разговори со членовите на семејството на Мијалков и припадниците на неговото обезбедување.

МЕЃУНАРОДНА ПОТЕРНИЦА

 
Мијалков Сашо, од татко Јордан , мајка Милка, роден на 15.09.1965 во Скопје, со живеалиште на ул.Народен Фронт бр.5-31 во Скопје,  се бара по наредба за распишување на потерница на Основен суд Скопје 1 КОК – КР бр.56/21, а врз основа на решение на судот со кое му е определена мерка куќен притвор, поради постоење на основано сомневање дека сторил кривично дело – “Злоупотреба на службената положба и овластување“ од чл. 353 , кривично дело “Злосторничко здружување “ од член 394 и кривично дело “Примање награда за противзаконито влијание“ по член 359 од КЗ. 
 
Плусинфо објави дека Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, денеска во 13 часот најверојатно ќе си поднесе оставка од функцијата, од шпекулациите во партиски кругови. Причината за оставката е вчерашното бегство на ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, кого полицијата не успеа да го пронајде на домашната адреса за да му го врачи решението за домашен притвор за случајот „Таргет-Тврдина“.
 

Оставка од првиот полицаец бара и опозициската ВМРО-ДПМНЕ, која обвинува дека институциите уште во саботата во 16 часот знаеле дека постои опасност за бегство на Мијалков, но не презеле ништо.

Спасовски не е достапен за јавноста во текот на вчерашниот и денешниот ден.