МВР: Оградата на мостот „Гоце Делчев“ е веќе санирана

Сподели

Во врска со објавите во дел од медиумите за наводно недавање дозвола од страна на Министерството за внатрешни работи за санација на оградата на мостот „Гоце Делчев“ во Скопје, МВР ги известува граѓаните дека оградата на мостот е веќе санирана. Имено на 20.03.2025 од страна на град Скопје – ЈП „Улици и патишта“ доставено е барање до МВР на кое веќе следниот ден (21.03.2025) е позитивно одговорено, по што надлежното јавно претпријатие ја изврши санацијата на оградата од мостот.

Министерството за внатрешни работи апелира до медиумите да се пласираат точни и проверени информации во насока на транспарентно известување на јавноста.