Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 352 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 8 санкции, 15 за нерегистрирани возила, 9 мерки за технички неисправни возила во јавен превоз, 39 санкции за користење на мобилен телефон. Изречени се 14 мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), 10 санкционирани пешаци, 65 мерки за непрописно паркирани возила и 39 санкции за неносење заштитна маска.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.