МВР: Забраната за движење не ја почитувале 41 лице

Сподели

 

Во текот на изминатото деноноќие по однос на забраната за движење евидентирано е дека 41 лице не ја почитувало забраната за движење, при што приведени се 22 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки, соопштуваат од МВР.

Исто така според статистичките податоци на 186 лица им се издадени решенија за изолација, додека пак 350  лица потпишале изјави за самоизолација.

Истовремено полициските службеници извршиле контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што  евидентирано е едно лице кое не ги почитувало мерките за изолација.