Министерството за здравство информира дека поради истекување на мандат во време на предизборниот период, спреведни се конкурси во три јавно здравствени установи за избор на 4 директорски места.
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби – Скопје по спроведениот конкурс за нов медицински директор избран е д-р Фадил Цана согласно доставените документации.
На Клиниката за гинекологија и акушерство – Скопје по спроведените конкурси мандат добија д-р Викторија Јовановска како медицински директор и Јетон Шаќири како организациски директор.
На Клиниката за психијатрија за медицински директор е назначен проф. д-р Стојан Бајрактаров.
Сите именувани директори на јавно-здравствените установи се стручни во својата област и имаат долгогодишно искуство, информираат од Министерството.