МЗ: Регистрирани се 138 нови случаи, 144 оздравени и 7 починати од КОВИД-19

Сподели

 

Во последните 24 часа се направени 1621 тестирања, а регистрирани се 138 нови случаи на ковид-19 во:

– Скопје 47
– Куманово 17
– Дебар 10
– Штип 16
– Прилеп 2
– Тетово 2
– Велес 5
– Битола 5
– Охрид 2
– Кавадарци 1
– Гостивар 10
– Крива Паланка 1
– Кочани 5
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 1
– Македонски Брод 6
– Виница 2
– Кратово 1
– Кичево 3
– Ресен 1

Починати се 7 лица, две пациентки од Скопје (64 и 67 години), пациентка од Македонски Брод (53г.), пациентка од Кичево (41г.), пациент од Битола (27г.), пациент од Дебар (78г.) и пациент од Штип (64г.). Шест пациенти се починати во болнички услови, а еден вонболнички.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 144 оздравени пациенти од:

– Скопје 105
– Штип 9
– Прилеп 2
– Тетово 4
– Велес 1
– Битола 5
– Гостивар 1
– Кочани 4
– Пробиштип 1
– Демир Хисар 2
– Берово 1
– Кичево 7
– Ресен 2

Досега во земјата се направени вкупно 103938 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10891, бројката на оздравени пациенти е 6698, на починати е 493, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3700.