Актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на 17-от редовен конгрес на партијата е реизбран за лидер на партијата.
Од присутни 493 делегати, гласале 492 од кои 489 за Мицкоски. Имало и три неважечки ливчиња.
Христијан Мицкоски пред своите делегати ги презентираше зацртаните идеи за следните 4 години, влез во ЕУ, втора епоха на мобилизација на интелектуалеците за да придонесат кон развојот на државата, најави нова политика и концепт на заедништво наречен нов договор општествен консензус. Но, Мицкоски иако рече дека во својот говор ќе ги изостави СДСМ и Зоран Заев сепак ги спомена со порака дека ќе сфатат каде грешат и дека ќе се променат.
Покрај изборот на лидерот на партијата се донесе и нова политичка доктрина испишана на 36 страници.
Уважувајќи го ангажманот на генерации членови, активисти и поддржувачи на партијата, чија борба за напредна држава е манифестација на нашата колективна свест, совест, мисла, акција и дело низ годините.
“Пред нас се големи предизвици, економска криза, енергетска криза, ковидот не престанува и покрај надежите дека тоа ќе се случи, светот е изменет, планетата е изменета, се функционира поразлично од претходно. Македонија мора да фати приклучок, да се адаптира на новиот свет, да ги создаде, развие и да ги промовира своите предности и да ги исправи своите недостатоци” – изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
-Инсистираме на брзи предвремени парламентарни избори зашто народот треба да биде претставуван согласно тоа за што гласал, а гласал на последните локални избори за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата, изјави партискиот лидер пред почетокот на конгресот.