На изборите во Италија победи крајнодесничарската коалиција

Сподели

 

Лидерката на крајната десница Џорџа Мелони е победник на изборите во Италија, покажуваат изборните анкети, така што е на пат да стане првата жена премиер во земјата.

Доколку бидат потврдени изборните резултати, Мелони ќе ја формира најдесничарската влада во Италија од Втората светска војна.

Коалицијата составена од партијата на Џорџа Мелони – Браќа на Италија, партијата Лига на Матео Салвини и партијата Напред Италија на Силвио Берлускони може да смета на 227 до 257 места или на апсолутно мнозинство во парламентот со оглед на тоа што освоила меѓу 41 и 45 отсто од гласовите, покажуваат излезните резултати од вчерашните избори во Италија. Тоа, според резултатите, би значело дека оваа коалиција е на пат да формира нова влада во Италија. Според излезната анкета што ја објави РАИ, левицата предводена од Енрико Лета добива меѓу 78 и 98 места со освоени 25,5-29,5 % од гласовите. Движењето Пет ѕвезди на Џузепе Конте е на третото место со 36-56 пратеници или освоени 13,5-17,5 % од гласовите.