На местото на крвавата заседа кај Вејце – 24 години подоцна

Сподели

Утрово, делегација на Достоинство, на местото на кое на денешен ден во 2001 година беа убиени и масакрирани осуммина македонски бранители, положи букет свежо цвеќе пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце, “Ангел”, кој се наоѓа до градскиот часовник во центарот на Битола како и пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце во кругот на СВР Битола. Воедно почит е оддадена и пред споменикот на загинатите бранители во заседата кај Вејце во касарната Илинден во Скопје и пред неколку други индивидуални споменици на загинатите бранители и запалија осум свеќи во чест и помен на нашите загинати браќа по оружје.

Да не се повтори, да не се заборават!

Игор Костески (26) од Скопје,

Роберт Петковски (27) од Скопје,

Бобан Трајковски (28) од Куманово,

Миле Јаневски (30) од Македонска Каменица,

Илче Стојановски (24),

Кире Костадиновски (24),

Бошко Најдовски (24) и

Марјан Божиновски (27),

сите од Битола.

Вечна ви слава, херои македонски!

Нека им е вечна славата.