На WSEEC 2021 нашите тимови освоија златен медал и специјална награда од жирито

Сподели

 

Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, денеска се сретна со учесниците на Светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство (WSEEC) во паркот „Ибни Пајко“.

 

 

На денешната средба градоначалникот Шилегов им го честита успехот на натпреварувачите Илина Георгиева, Бисера Георгиева, Анамарија Јордановска, Лина Петровска, Никола Стојановски, Денис Димитров, Дарко Ефтимовски и Коста Аризанов, како и менторите Сузана Стојановска и Драган Јованов од Здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов Синдром Дневен центар Доза Среќа – Скопје.

 

 

На годинешниов Светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство (WSEEC) 2021 година, на кој учествуваа 288 тимови од 21 земја, нашите тимови освоија златен медал и специјална награда од жирито.

 

 

Светскиот натпревар за наука, животна средина и инженерство (WSEEC) е меѓународно натпреварување на знаење кое е базирани на приодот STEM (Наука, техологија, инжинерство, математика) кој  е организиран од Асоцијата на млади научници од Индонезија (the Indonesian Young Scientists Association) и Универзитетот за науки од Индонезија (Sekolah Ilmu Lingkungan Universitas Indonesia).