Документарниот филм на Тамара Котевска и Љубомир Стефанов “Медена земја“ е добитник на наградата „Најдобар интернационален филм“ на 21.издание на Интернационалнот фестивал за документарен филм во Тел Авив, Израел.
„Стручното жири кое едногласно одлучи да го награди филмот со оваа висока награда во своето образложение ја истакна неверојатната наративност и кинематографија со која се прикажува една заедница која живее на маргините на општеството и оди уште подалеку станувајки фасцинанетен портрет на една извонредна жена. Жирито беше поттикнато од интимната медитација за кршливоста на човековото постоење во неговата длабока поврзаност со Природата“, стои во соопштението.
Приказната го следи животот на Хатиџе Муратова, која е една од последните пчеларки во Европа која се уште го извлекува медот од природни колонии и се труди да не го наруши природниот баланс со човечката ненаситност, бидејќи ако еден го скрши правилото сите ја плаќаат цената.