Заврши филмскиот фестивал „Преку езерото” во Стар Дојран. Со проекции на пет долгометражни филма, од кои четири играни и еден документарен, фестивалот, кој е единствен од ваков вид во Македонија, понуди програма за сечиј вкус, на отворено, на брегот на Дојранското Езеро.
Краткиот филм Дали си маж / Are You a Man освои награда за најдобра режија на фестивалот „Преку езерото“ во Дојран! Тоа е прва домашна награда, а ја прими продуцентката Ивана Шекуткоска!