НАЈБОГАТИОТ МАКЕДОНЕЦ

Сподели

Според агенцијата ФОРБС, македонскиот бизнисмен Орце Камчев со лично конто од околу 26 милион долари, го држи првото место по богатство во земјата. Оваа објава, очекувано предизвика големо внимание на социјалните мрежи околу тоа, како тој успеал да создаде толку успешна “бизнис империја”, која што била блиска без исклучок со сите досегашни влади и владејачки партии.

kamcev

Па, така ќе се спомене дека неговиот татко Илија Камчев, во времето на социјализмот станал директор на фабриката “Македонија спорт”, која што со помош на тогашниот политички моќник Лазар Колишевски (кому му кроеле ловечи униформи и го снабдувале со ловечка муниција), успеал да ја приватизира заедно со нејзините продажни салони. По еден негов престој во Кина, заедно со Колишевски, станал најголем увозник на кинеска спортска опрема во рамките на компанијата “Орка”.

Во првото владеење на СДСМ таткото и синот биле верни следбеници на Бранко Црвенковски, при што младиот Орце бил назначен за претседател на младинската партиска организација.

По поразот на СДСМ на изборите во 1998 година, Камчеви преминале на страната на ВМРО-ДПМНЕ и се вбројувале во најблиските пријатели на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски, со кого воспоставиле деловна соработка со некои бугарски фирми.

Кога Никола Груевски застана на чело на ВМРО-ДПМНЕ и стана македонски премиер, Камчеви биле меѓу неговите најголеми поддржувачи, а Орце важел за мошне близок  пријател со шефот на тајната полиција Сашо Мијалков, братучед на Груевски, со кого учествувал и во разни тн. фамилијарни бизниси, за кои се зборува дека имале финансиски пласмани во повеќе “офшор” компании во светот.

За вкупната вредност на сите тие нивни фирми во земјата и во странство, до сега официјално не се соопштени никакви податоци.