Во понеделникот на 9 мај планетата Меркур премина преку сончевиот диск, настан кој се случува на секои 3 до 10 години во мај или во ноември, следниот транзит на Меркур ќе биде на 11 ноември 2019. Транзитот на Меркур кој траеше од 13:10 до 20:40 беше забележан од различни места на планетата Земја и вселената со различни инструменти и различни техники на снимање. Затоа за оваа статија се потрудивме да ги најдеме најдобрите фотографии кои беа објавени.
Транзит Меркур
Само неколку минути по почетокот на транзитот со Н-алфа филтер (с) Rupert Smith
Транзит
Зајдисонце во Чиле (с) Petr Horalek
Меркур и МВС
Двоен транзит, кој друг ако не Тери Лего уловен транзит на МВС за време на транзит на Меркур од Филаделфија (с) Thierry Legault
Видео клип од горенаведениот настан пропратен со трет транзит:
Уште еден двоен транзит, овој пат со Боинг 737-200 (с) Dani Caxete
Сонцето снимено со клациум-К филтер во длабокиот син/виолетов спектар заедно со композитните позиции на Меркур, приближно на секои половина час (с) Howard Eskildsen
Извонредна споредба на транзит на Венера, Месечина (целосно затемнување), Меркур (с) György Soponyai
Меркур како комета, почеток на транзитот (с) Paul Andrew
Транзитот снимен од СДО сателитот во ултравиолетова светлина (с) NASA/SDO
Како сцена од научно фантастичен филм, авион ловец над Белгија и првата планета до Сонцето (с) Peter Van den Eijnde
Зајдицонце во Кциња, Полска (с) Marek Nikodem
Квечерината по зајдисонцето на 9 мај снимени од Шведска (с) Göran Strand
(Астрономски центар Орион)
http://www.orion.mk/