Најмалку 81 загинати во поплавите во Германија и преку илјада лица се исчезнати

Сподели

 

По катастрофалните поплави во западна Германија, бројот на жртвите порасна на најмалку 81, преку илјада лица се сметаат за исчезнати. Владата вети помош за настраданите подрачја, пренесува Дојче веле.

Прекините на електричната енергија и на телефонските линии и натаму го отежнуваат поточниот преглед на ситуацијата во покраините Севера Рајна Вествалија и Рајнланд-Пфалц, кои се најсилно погодени. Опасност освен тоа се заканува најмногу од претекување на акумулациите и попуштање на браните во регионот.

„Ситуацијата останува драматична“, истакна покраинската премиерка на Рајнланд-Пфалц, Малу Драјер во Триер.

Бројот на жртви расте, само во покраината Рајнланд-Пфалц досега загинаа преку 50 луѓе.Спасувањето на луѓето од нивните куќи и станови е тешко, зашто некаде воопшто не постои пристап. „Ситуацијата не е подобрена, ова е огромен предизвик за нашите спасувачки екипи кои работат нон-стоп“, изјави Драјер.

Фотографии и целиот текст прочитајте го тука