Напад со возило на муслимани во Лондон: Загина едно, повредени се 10 лица

Сподели

Најмалку едно лице загина, а десет се повредени во синоќешниот инцидентот кој се случи во близина на џамија во северниот дел на Лондон, кога возило влета во пешаци, јавува Anadolu Agency (AA).

Полициски претставници соопштија дека истрагата ја води одделот за борба против тероризмот, и дека осомничениот возач ќе биде подложен на тест за ментално здравје.

Премиерката на Велика Британија, Тереза ​​Меј, изјави дека синоќешниот напад е ужасен инцидент, и дека станува збор за потенцијален терористички чин.

Меј најави дека денес ќе свика вонредна седница на Владата.

Во соопштението на лондонската полиција се наведува дека еден човек починал на местото на нападот и дека осуммина повредени се хоспитализирани. Екипата на итната медицинска помош на терен им укажа помош на две лица со полесни повреди.

Уапсениот 48-годишен напаѓач, исто така е хоспитализиран, а полицијата најави дека ќе го испита откако ќе биде отпуштен од болница.

Генералниот секретар на Советот на британските муслимани, Харун Кан, изјави дека цел на синоќешниот напад се муслиманите, кои се враќаа од терави-молитвата од џамијата.

Сѐ уште се очекува подетален извештај на полицијата во врска со синоќешниот инцидент, а очевидци на социјалните мрежи објавија дека машко лице намерно со возило влетал во маса на пешаци во близина на џамијата во Финсбури парк.

И имамот на џамијата, Мухамед Козба, за АА рече дека е јасно оти цел на нападот биле верниците, кои од џамија се враќале кон своите домови.

Очевидецот Абдурахман Аидрус изјави дека видел „бел Британец“ како вика „ќе убијам муслимани“, а потоа со возило влетал меѓу пешаците. Тој додаде дека едно лице загинало на местото на нападот, и дека се повредени најмалку десет лица.

Аидрус исто така кажа дека пешаците потоа го фатиле напаѓачот и ѝ го предале на полицијата.

Синоќешниот напад во северниот дел на Лондон се случи по два неодамнешни терористички напади во кои во Манчестер загинаа 22, а во Лондон осум лица.