Зградата на турската Амбасада во Копенхаген, минатата ноќ беше нападната со молотови коктели.
Полицијата соопшти дека нападот најверојатно бил извршен од четворица напаѓачи и дека секој од нив фрлил по еден молотов коктел врз Амбасадата.
Во нападот нема жртви, а врз зградата на турската Амбасада е предизвикана материјална штета.
Истрагата за случајот е во тек, а претставниците на Амбасадата сè уште не го коментираат случајот.
Данската полиција ги зајакна безбедносните мерки пред турската Амбасада во центарот на Копенхаген.