Народниот театар од Битола со претставата „Малиџано“ гостува во Струга

Сподели

 

Во НУ ЦК „Браќа Миладиновци“ во Струга утре (сабота, 28 октомври) со почеток во 19:00 часот гостува Народниот театар од Битола со претставата „Малиџано“, работена според текст на Билјана Крајчевска, а во режија на Софија Ристевска-Петрушева.

Станува збор за современ текст за обичниот човек со неговите секојдневни проблеми, грижи и доживувања, со неговите традиционални и природни предизвици и дилеми.

Играат актерите: Маја Андоновска-Илијевски, Никола Пројчевски, Анастасија Христовска, Соња Ошавкова, Катерина Аневска-Дранговска, Никола Стефанов, Валентин Дамчевски и Живко Борисовски.