Вооружени француски полицајци насилно го раселија мигрантскиот камп во Париз, што предизвика бунт кај Авганистанците, Сиријците и кај Еритрејците во прифатниот центар.
– Ова не го очекувавме. Прво ни обезбедија шатори, па ни донесоа храна преку викендот, а сега нè бркаат – вели Теган Угомаи, 26-годишник од Судан.
Локален функционер изјави дека повеќе од 2.000 мигранти плански се распоредени во 60 центри за привремено сместување во сите делови на Франција.
Хуманитарните организации обезбедиле шатори и храна за мигрантите, но не се во можност да им обезбедат минимум хигиенски услови.
Парижани се плашат од ширење на заразни болести, најмногу од шуга која веќе е дијагностицирана кај мал број бегалци.