Наскоро дигитализација на весникот “Нова Македонија”

Сподели
 
 
Државниот архив-Одделение Охрид е една од ретките институции што во оригинална форма ги поседува изданијата на дневниот весник “Нова Македонија” и тоа од периодот од 1959 година, па до 1974 година.
 
 
 
 
 
“Овие примероци на весникот “Нова Македонија” се од големо значење за нашата историја и за нашето минато, зашто во нив може да се најдат текстови за тогашните општествено-политички, културни и други настани, кои може да бидат суштински и веродостоен извор за многу истражувања на наши и странски историчари, хроничари, стручни лица во одредени области и за студенти” – изјави раководителот на Државниот архив-Одделение Охрид, д-р Никола Митровиќ.
 
 
 
 
 
 
 
“Државниот архив во наредниот период, поточно до крајот на годината, планира овие изданија на весникот “Нова Македонија” да ги дигитализира и со тоа да ги заштити од физичко оштетување, како и да ги направи лесно достапни до сите корисници што се занимаваат и што ги интересира нашата историја и нашето минато, зашто овој наш весник е траен печат на настаните од тоа време” – изјави директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.