МКЦ, 25 Јуни
Бранот undergound култура го зафаќа Скопје по трет пат. Одлична прилика за локална поддршка на маргинализираните авторски творци од страна на масовната малограѓанштина и естаблишментот. Ве покануваме на DIY свирката/фестивал АЛТЕРНАТИВНО СКОПЈЕ #3 која ќе биде на 25 Јуни во МКЦ (хол на кино Фросина).
Карти во претпродажба во билетарата на МКЦ: 150ден
Карти на самиот ден на концертот: 200ден
НАСТАПУВААТ:
– Cóntact 59
Contact 59 се најновото пријатно изненадување на алтернативната сцена. Млад бенд формиран во Скопје од поединци кои свират слободна музика со разноликост и разнобојност во мелодијата. До сега имаат еден настап на ‘Орце гала вечер’ и втор настап во Vox заедно со други бендови. Моментално снимаат нови песни.
– Plastic Sunday
Plastic Sunday ни доаѓаат од Ниш, Србија по втор пат во Скопје. Првиот пат свиреа во Кула и таа свирка ќе остане запамтена како една од најдобрите свирки што се случиле на тоа место. Се декларираат како гаражен рок со влијание на сајкеделик и нојз звук. До сега имаат издадено 2 албуми: ‘Разум тражи разлоге (2011)’ и ‘Комуникација (2014)’. Подготвуваат и нов материјал.
– Бои во 1912 / Colors in 1912
Бои во 1912 е бенд формиран во ноември 2015г. од страна на Ерик Омерагиќ (Палиндром) и Благоја Камчевски (Лајтмотиф, Мариналеда), а после неколку месеци се приклучува и го комплетира составот Мартина Баракоска (Астероид). Звукот на бендот содржи поп/панк елементи со мелодичен вокал и примеси на ноиз. Нивната прва свирка ќе ја имаат на Алтернативно Скопје #3.
– Мариналеда
Претставува дружина од Ѓорче Петров, Скопје. Длабоко инспирирани од парадоксите на денешното време и револтирани од глупавоста ечат отворени акорди полни со искреност. Влијанија од Husker Du, Savages, Т.Б. Трачери и ХАХАХА, возење точак, кооперација и билијард на жетони. Првиот албум ќе биде издаден во Мај/Јуни 2016 година.
– KHARA
Khara се македонски инструментален пост-рок бенд. Тие се формирани во октомври 2014 година и до сега имаат издадено две EP: ‘This cruel, mournful circle (2015) и ‘Khara & Leitmotif split (2015). Кумановските репрезенти на овогодинешното Алтернативно Скопје кои со самата нивна музика ве носат да пловите во друга димензија.
– Metanoia
Metanoia е прогресивен метал бенд од Скопје оформен во 2015. Како позначајни настапи на бендот се: ‘Школка во Звук’ на 17ти септември 2015та год. под името Cosmic Frequencies и настапот на ‘Лузерфест 2015’ каде што го освојуваат второто место. Одличен млад состав кој и тоа како енергично настапува во живо.
– Red Sails Billow
Red Sails Billow е творевина на две судбоносни средби на железничката станица во Скопје. Откако се запознаа, Марко Галевски (бас), Александар Томевски (гитара) и Бојан Станиќ (тапани), тројцата со различни музички влијанија (класика, метал и сурф), создадоа жанровски-мутиран инструментален звук – микс од пост-рок, мет-рок, метал и еден куп други влијанија.
– Spectrum
Spectrum е бенд од Скопје кој свири прогресив метал со елементи од многу други жанрови. Имаат голем потенцијал со предобрите инструменталнo технички вештини кои ги поседуваат. Формирани се во октомври 2015, во тек се подготовките за снимање на EP и ова ќе биде нивниот прв настап.