НАТО сојузниците меѓу кои и САД, ќе ги зголемат трошоците за одбрана за 4,3 проценти во оваа година со што буџетот за таа цел ќе забележи пораст за 46 милијарди долари во однос на 2014 година. Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека мора да се работи на зголемување на трошоците за одбрана и поправдено споделување на товарот во Алијансата за земјите да бидат безбедни. Според него, после години на пад во издвојување на средства за одбраната од 2015 година има вистинско зголемување на трошоците од страна на сојузниците и Канада.
НАТО си постави цел секоја земја членка да издвојува по 2 проценти од БДП за одбраната, но само САД, Британија, Естонија, Грција и Полска го исполнија очекувањето.