Нацрт-Стратегија за водење финансиски истраги и за конфискација на имот

Сподели

Заменик претседателот на Владата, задолжен за политики на добрo владeење Арбен Фетаи, имаше средба со заменик амбасадoрот на Сојузна Република Германија, Жан-Аксел Фос и директорот на Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), Давид Оберхубер.

На средбата се разговараше за нацрт Стратегијата за финансиски истраги и конфискација на имот, која беше изготвена со помош на ГИЗ. Стратегијата, наскоро треба да биде одобрена од Владата и го опфаќа периодот 2024-2028 година и има за цел зајакнување на институционалните и кадровските капацитети на органите за спроведување финансиски истраги како и за зголемување на нивната ефикасност.

Вицепремиерот Фетаи се заблагодари на германската страна за помошта при изготвување на Стратегијата и ја пофали нивната подготвеност да помогнат и во фазата на нејзино спроведување. Фетаи рече дека примената на Стратегијата е еден од главните приоритети на Владата, ветувајќи брзи и конкретни резултати.

Тој ги информираше соговорниците и за другите владини мерки во борбата против организираниот криминал и корупцијата, за зголемување на транспарентноста на институциите и за продлабочување на соработката со граѓанскиот сектор.

Директорот на ГИЗ, Давид Оберхубер, изрази задоволство за изготвување на Стратегијата за финансиски истраги и конфискација на имот, но понуди поддршка и за спроведување на стратегијата, што треба да резултира со првите конфискации на имотот.