Податоците за домашниот бруто-производ (БДП) за првиот квартал од годинава укажуваат на понизок пораст на економијата од очекуваниот, објави Народна банка.
– Домашните неекономски фактори поврзани со политичките случувања во земјата дополнително ја зголемуваат неизвесностa околу остварувањата и оцените за економската активност во следниот период – информираат од Народна банка.
Во однос на инфлацијата, се вели дека таа и понатаму умерено се зголемува, а ризиците околу проекцијата до крајот на годината се поврзани со светските цени на енергијата и на храната.