„Не сакаме нова Студена војна, со Русија сакаме конструктивен дијалог”

Сподели

thumbs_b_c_0aa67d8615007d6001aaf43f5b0170ef

ВАРШАВА (АА) – „Не сакаме да бидеме сведоци на нова Студена војна. Студената војна остана во минатото, и ние сме во потрага по создавање на еден контруктивен и темелeн дијалог со Русија“, рече генералниот Секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, јавува Anadolu Agency (AA).

Столтенберг, во својата изјава дадена пред свеченото отворање на НАТО Самитот, кој ги собра највисоките функционери на 28-членки на НАТО и земјите парнери,истакна дека на тековниот самит ќе биде дискутирано за иднината на НАТО во рамките на заедничките партнерски вредности.

Напоменувајќи го донесувањето на одлуки на самитот во однос на засилување на партнерската одбрана, Столтенберг истакна дека НАТО ќе испрати свои мултинационални контигентски единици во Естонија, Латвија, Литванија и Полска.

Споменатите безбедносни единици, како што вели Столтенберг, ќе делуваат привремено и по принцип на ротација.

„Обезбедивме засилување на Турската воздушна одбрана со помош на NATO AWAC рано преупредувачките и набљудувачки авиони и ракетно одбранбените системи“, изјави Столтенберг, при што истакна за мерките превземени од страна на Алијансата, како одговор на новите закани присутни во јужното крило на НАТО.

Според Столтенберг, одредени засилувања во одбраната ќе бидат остваренени и како против одговор на заканата од сајбер и балистичките ракетни напади, кои како што тврди тој, ќе бидат пропорционални, транспарентни и во согласност со меѓународните обврски.

– „Во потрага сме за дијалог со Русија“

„Не сакаме да бидеме сведоци на една нова Студена Војна. Студената Војна остана во минатото, и ние сме во потрага по создавање на еден контруктивен и темелит дијалог со Русија“, рече Столтенберг, потенцирајќи дека мерките што ги превзема НАТО се строго од одбранбен карактер.

Наведувајќи ја Русија , како најголем сосед на НАТО, Столтенберг ја истакна неопходноста за создавање на дијалог со Русија, со што би се обезбедила стабилноста во и вон границите на НАТО.

– Борбата со ДАЕШ

За време на Самитот, според Столтенберг, ќе биде донесена одлука за споделување на сите информации добиени со помош на NATO AWAC авионите за рано предупредување и набљудување, во рамките на меѓународната коалиција за борба против ДАЕШ.

„Ќе започнаме со обука на војската во Ирак, ќе продолжиме со поддршката кон Јордан и Тунис, и подготвени сме да и пружиме помош на Либија“, наведе Столтенберг.

– „Нема да дојде до промена на улогата на Англија во НАТО по Брегзит“

„Секако дека ќе дојде до промена на односите меѓу ЕУ и Англија, по донесувањето на одлуката на Брегзит за излез на Англија од унијата, но тоа во никој случај нема да претставува причина за промена на битната улога на Англија во НАТО“, рече Столтенберг, говорејќи за Брегзит.