Не се развиваат добрососедски односи со негирање на минатото, јазични и културни вредности

Сподели

 

Советот на Амбасадори изразува жалење заради ВЕТОТО кое го постави соседна Бугарија со што се блокира почетокот на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија. Со овој непримерен чин  Република Бугарија не се претстави пред светот како европски ориентирана земја која ги почитува и применува европските вредности и стандарди на самоопределување, човекови права, демократија, јазичните и културните вредности и различитости. 

Советот на Амбасадори смета дека доколку се пропушти можноста за соодветно решение до и на смаиот Самит на ЕУ, дека  во рамки на неодамнешните реформи но процесот на проширување на Европската Унија ќе биде испуштена приликата за корекција на принципот на општ консенсуз при донесување на одлуките со посовремен и поефикасен  и начин на донесување на одлуки. Такво решение ќе придонесе Унијата да биде полиберална и да стане поефективна, порамноправна и подемократска и економски појака меѓународна организација.

Советот смета дека сегашните светски предизвици за човештвото како борбата против меѓународниот тероризам, сиромаштијата и загадувањето на човековата околина особено сега во време на  борба против коронавирусот, може да се надминат единдствено преку  здружување на народите и државите а не преку разни меѓусебни блокади.  

Советот исто така смета дека не може да се развиваат добрососедски односи меѓу земјите со негирање на минатото на народите, нивните јазични и културни вредности од позиција на примена на ВЕТО како екслузивно право на земја членка на Унијата кон земјите кандидати или аспиранти.

Советот на Амбасадори ги повикува земјите членки на Унијата а посебно Република Бугарија да вложат вистински напори и да придонесат на Европскиот Совет да се донесе вистинската одлука, во декември оваа година Република Северна Македонија и ЕУ да ја оддржаат првата меѓувладина конференција и да започнат преговорите за членството во Унијата, се наведува во соопштението на Советот на амбасадори.