Овен
Поминувате незаборавни моменти со личности родени во знакот на Водолија или Бик. Не е важно колку ќе трае таа среќа, уживајте и заборавете на ситните глупости што ги носи секојдневието. Дружете се и излегувајте. Немојте да се нервирате за ситници, бидејќи немате причина за тоa. Единственото нешто што не ви дава мир е постојаното незадоволство, научете да ја цените секоја ситница која доаѓа кон вас, независно дали од роднинска или пријателска страна.
Бик
Влегувате во период што го бара од вас она што го имате во изобилство, силата. Променете ги животните услови на подобро. Ве очекуваат бурни емотивни случувања, дочекајте ги подготвени. Размислувајте за нови пријателства, отворете се кон надворешниот свет. Не морате веќе на ништо да внимавате – толку ви е силен одбранбениот механизам што имате толку големи бариери, па нема шанси некој да ве најде во неподготвена позиција.
Близнаци
Поминувате незаборавни моменти со личности родени во знакот на Водолија или Бик. Не е важно колку ќе трае таа среќа, уживајте и заборавете на ситните глупости што ги носи секојдневието. Дружете се и излегувајте. Немојте да се нервирате за ситници, бидејќи немате причина за тоa. Единственото нешто што не ви дава мир е постојаното незадоволство, научете да ја цените секоја ситница која доаѓа кон вас, независно дали од роднинска или пријателска страна.
Рак
Проблемот од емотивна природа станува повеќе од непријатен. Ви недостасува толеранција кога е во прашање партнерот, а тоа морате да го контролирате. Никако не можете да најдете заеднички јазик, но морате да се потрудите да избегнете секакви расправии. Имате проблеми и со дишните патишта, чист воздух и намалување на цигарите добро би ви дошло. Работете повеќе и заборавете на привремените проблеми.
Лав
Се наоѓате во мошне заплеткана ситуација што бара максимум трпеливост. Околностите на вашето работно место и односот со колегите бара внимание. Ако постојано се наметнувате со своите идеи, околината би можела да ви се спротивстви. Подготвеноста на компромис и отвореноста за соработка, би можеле целосно да ја променат ситуацијата. Времето поминато со партнерот и добар филм може да ви направат да се чувствувате убаво. Внимавајте на исхраната и одржувајте ја телесната кондиција.
Девица
Премногу сте растрчани, не знаете што попрво да почнете да правите. Водете сметка да не се изгубите во многуте планови. И покрај тоа што сте способни да решите секаков проблем, мора да го успорите темпото и да се насочите кон себе. Тоа е најдобар начин да дојдете до душевен мир, кој повремено ве напушта. Имате проблеми со крвните садови и циркулацијата. Одржувајте метална хигиена и опкружете се сол личностите кои ви се драги.
Вага
Не можете да најдете заеднички јазик со блиските. Проблемите што ги имате веќе подолго време се провлекуваат. Неспособни сте да се приспособите кон околината затоа најдобро е да се дистанцирате. Ве очекуваат и недоразбирања со партнерот, променете ги сопствените ставови. Забавете го ритамот на живеење и посветете се на себе. Почнете да водите здрав начин на живот и одморајте се повеќе. Ако сакате да најдете душевен мир, дистанцирајте се од личностите кои ви предизвикуваат немир.
Шкорпија
Постојано наидувате на некакви проблеми. Евидентно е нервирањето поради секоја ситница, па ја оптоварувате околината. Доколку забележите дека луѓето ве избегнуваат, знајте за што станува збор. Можно е да дојдете до некои значајни увиди кои ќе ве мотивираат да го смените ставот кон постоечкиот партнер. Финансиските и работните прашања се движат во нагорна линија, а кон крајот на неделата се очекуваат непланирани добивки.
Стрелец
Конечно можете да се препуштите на сите животни радости, и покрај тоа што минувате низ тежок период. Потрудете се да останете смирени и со ладна глава. На својствен начин уживате во среќата, а тоа е она што ве одржува во живот. Она што посебно ве прави задоволни е складот што го најдовте во себе. Партнерот, конечно, ги признава грешките, прекрасно ви е заедно и поминувате незаборавни моменти. Задоволни сте од развојот на работите., и на приватно, и на професионално поле.
Јарец
Може да се каже дека сте во целосен хаос, барем кога се во прашање емоциите. Со оглед на тоа што ваквата состојба премина во хронична, воопшто не сте загрижени. Насочете се кон оние области од животот во кои сте најуспешни. Вистински стручњак сте во тоа што го работите, само ви недостасува малку самодоверба . Здрави сте и полни со енергија, нема да наидете на тешкотии во ниту еден случај. Продолжете така и успесите ќе се нижат.
Водолија
Среќни сте и задоволни. Ова е исклучително пријатен период, особено кога е во прашање љубовта. Ќе бидете опкружени со луѓе што ќе ви предизвикуваат задоволство. Пред вас се незаборавни моменти, а колку ќе профитирате од тоа, зависи од ситуацијата. Секој човек е ковач на својата среќа. Морате да бидете смирени и толерантни кон соработниците ако сакате да постигнете колективен успех.
Риби
Расположението постојано ви се менува. Попасивни сте од вообичаеното, но тоа воопшто не ве вознемирува, насочени сте кон љубовните прашања. Фантазијата е одлична како компензација за киксовите што ги направивте во последно време. Но, не опуштајте се премногу, може да направите сериозни грешки, по кои нема враќање назад. Ако успеете подобро да ги сфатите своите и туѓите постапки, работите би можеле да си дојдат на своето место.