Неделен хороскоп 07.11 – 13.11.2016

Сподели

 

oven

Овен

Со малку повеќе упорност ќе успеете да се справите со обврските на работното место. Бидете уверени и не ја потценувајте помошта, која ќе ви биде понудена. Заедничката работа со професионалец може да ве инспирира за нови идеи и проекти кои ветуваат доста брзо да се стабилизира финансиската состојба.

Ви претстојат средби со позитивни луѓе кои ќе ве натераат да погледнете од друг агол на проблемитете кои ги имате во вашиот личен живот. Бидете трпеливи во комуникацијата со саканата личност и не дозволувајте секогаш да доминира.

 

bik

Бик

Нови одредби ќе ви ги расипат службените планови во текот на следните денови. Уште во почетокот на периодот ќе треба да имате трпение и дисциплина за да успеете да се справите со предизвиците. Не инвестирајте премногу големи суми во бизнис за кој не сте сигурни дека ќе има добивка.

На личен план ве очекува серија од позитивни емоции. Средбата со пријателите кон крајот на неделава ќе ве натера да се опуштите и да заборавите на деловните проблеми. Викендот е погоден за планирање на некој настан или дружење. Оние пак кои не се во врска ќе имаат шанса за нови познанства, а веројатноста флертот да прерасне во сериозна врска е голема.

bliznaci

Близнаци

Неделата ќе биде многу плодна и исполнета со нови идеи и предлози. Проблемите ќе почнат еден по еден да се решаваат, а професионализмот со кој работите ќе биде забележан од човек кој ќе ви даде сериозен предлог за нова и доста доходовна позиција. Внимателно оценете ја ситуацијата, иако шансите за успех се релативно големи.

На личен план ви очекуваат возбудливи и романтични моменти во следните седум дена. Извлечете максимум од викендот, за да поминувате повеќе време со најблиските. Кај некои од Близнаците кои се во долготрајни врски, можно е да се појави љубомора, која ако е неоснована, би можела да ви предизвика непотребни проблеми.

 

rak

Рак

Односите со надредените се многу добри и сега е време да ги искористите околностите  за да ги подобрите условите на работа. Не ги потценувајте советите кои ќе ги добиете од некој искусен соработник и потпирајте се на тимската работа, ако сакате да постигнете успех. Моментот е погоден за поврзување со истомислениците, кои во иднина ќе ви бидат доста корисни на патот кон врвот.

Пријатни моменти ве чекаат со партнерот ако преземете иницијатива. Искоритете ги деновите од викендот  за да ги зацврстите односите со семејството и блиските личности. Отворено искажете ги своите емоции и облагородете ги личностите од вашето непосредно опкружување.

 

lav

Лав

Успехот на работното место ќе зависи од правилните решенија кои ги преземате. Погледнете на ситуацијата сериозно и ако е потребно побарајте помош од некоја искусна и вешта личност. Важно е решението што ќе го изберете да биде добро осмислено и да почива на здрави основи. Игнорирајте го секој кој се обидува да ви се меша во вашите одлуки.

Во љубовниот живот употребете малку повеќе фантазија и уживајте во моментот. Четврток и петок се особено погодни за патувања и лични задоволства со саканата личност. Оние кои не се во врска нема да можат да се пожалат на недостиг на внимание.

devica

 

Девица

Мотивацијата е во паѓање, па ќе биде потребно дополнително да се стимулирате за да ги остварите зацртаните планови. За среќа периодот нема да биде премногу строг на професионален план. Пазете се од колегите кои непотребно ќе ви го одвлекуваат вниманието. Оние кои развиваат сопствен бизнис, можат да очекуваат интересен предлог. Вторник и четврток не се најсоодветни за потпишување на нови договори.

Семејниот спор во почетокот на неделава, ќе ве натера задлабочено да размислите за некои ставови и мислења. Бидете трпеливи и не дозволувајте на гневот да го победи здравиот разум. Искористете ги предностите на слободното време што останува и планирајте ја иднината.

 

09072012120501-v-horoskopski-znak-vaga

Вага

Обврските на работното место нема да ви се намалат до следната работна недела, но уште во средината на периодот ќе се види резултатот од неуморната работа во последните месеци. Многу важно е да успеете да привлечете на своја страна луѓе кои би можеле да ви бидат од корист во иднината на професионалниот развој. Изразете ја својата позиција, но бидете и добар слушател. За околината е важно нивното мислење да биде слушнато.

На љубовен план ве очекуваат незаборавни моменти – оние што се во врска нека помислат како да го изненадат својот партнер, а слободните нека очекуваат ново познанство.

 

skorpija

Скорпија

Искористете ги предностите на оваа недела за да ги испланирате добро новите проекти со кои сте се преокупирани. Постои голема можност за реализирање на некој план од минатото, кој бара повеќе напори. Ова сепак не треба да ви пречи – амбициозни и упорни сте, што е предуслов за успех. Иако финансиската состојба е стабилна, бидете одговорни во трошењето на своите ресурси.

За да не си создавате непотребни тензии во приватноста, научете се да велите “не”. Ќе заштедите голем број “главоболки”, ако научите да се поставувате себеси на прво место. Обрнете внимание на вашето здравје и избегнувајте да давате заеми.

 

strelac

Стрелец

Општо земено, неделата што е пред вас ќе биде опуштена на професионален план. Ќе добиете шанса да ја подновите својата работа по стар проект, кој поради една или друга причина сте го тргнале на страна. Немате причина да го сопрете повторно, бидејќи ќе ја добиете потребната поддршка. Пазете се од конкурентите, кои ќе се обидуваат да ве стават во незавидна позиција.

Искористете ги следните денови да постигнете баланс во врската. Не очекувајте партнерот да ги чита вашите мисли и обидете се да бидете повеќе транспаретни. Објаснете кои се вашите очекувања и со заеднички напори обидете се да ги надмине проблемите.

 

09072012121432-v-horoskopski-znak-jarac

Јарец

Јарците ќе бидат исполнети со енергија во текот на новата недела, а нивната главна цел ќе биде да ги зголемат своите приходи. Ако веќе сте се обиделе да ја стабилизирате финансиската состојба и не сте успеале, немате причина да не го направите тоа повторно. Подгответе си добри аргументи пред да пристапите кон преговори и потпишување на договори.

Постојаната посветеност дури и во викендите може да стане причина за конфликт со блиските личности. Обидете се да одвоите повеќе време за средби со пријателите и семејството. Ако имате намера да се впуштите во нова врска, не се двоумете да го направите првиот чекор.

 

vodolija

Водолија

Енергични сте и исполнети со желба за работа, а тоа не може да остане незабележано од претпоставените. Можно е дури да се добие предлог за нова дополнителна работа. На крајот на периодот ќе имате подобри материјални услови и неочекувание парични добивки.

Обрнете внимание на малите нешта кои ве прават среќни. Посветете ја секоја слободна минута со своето семејство и не се плашете да кажете што сакате. Средба со стар пријател ќе ги разбранува емоциите и ќе ги разбуди сеќавањата.

 

ribe

Риби

Пред вас се отвораат можности за напредување на професионален план. Уште во првите денови ќе добиете предлог што ветува стабилна финансиска состојба. Во принцип сте претпазливи и подложувањето на сомнение, но овој пат паметно е да размислите и да ги разгледате можностите за напредок.

На личен план седмицата ќе биде одбележана со нежност и романтика. Односот на партнерот ќе ве натера да се чувствувате сакани, а тоа несомнено ќе се одрази на вашето целокупно расположение. Средби исполнети со пријатни емоции ги очекуваат и оние кои не се во трајна врска или брак.