Овен
Оваа недела очекувајте помош од други луѓе, но не и премногу успеси на работното место. Сега е време за завршување на обврските. Можни се недоразбирања на работното место. Премногу разговор може да ви штети, па затоа немојте лесно да се отворате пред другите. Вашите проблеми задржете ги за себе. Што се однесува до љубовта се оди како што треба. Зафатените се задоволни од односот, а слободните повеќе ќе комуницираат со некоја личност што им се допаѓа.
Бик
Потрудете се оваа недела да поминувате повеќе време со партнерот. Ако сте слободни, повеќе ќе се посветите на работата. Компромисите се задолжителни на работното место. Некоја женска личност може да ви биде од помош. Добро се чувствувате. Вредни сте и полни со елан, сакате да воведете некои промени. Важно е само да не се префорсирате. Можни се некои ненадејни трошоци.
Близнаци
Се чувствувате помалку забавено. Толку многу сакате да сработите, но секогаш ви се појавува по некоја нова обврска и никако да го завршите планираното. Потрудете се да се држите до планот. Другите луѓе не може да ви бидат од голема помош, па воопшто и не ја очекувајте. Она што се менува од оваа недела е тоа што помалку време ќе бидете во домот, а повеќе ќе имате потреба да излезете од домот, во природа. Ако имате партнер, испланирајте некое патување, а ако сте слободни може да запознаете некоја интересна личност.
Рак
Оваа недела не е добро да потпишувате било што. Почекајте некој подобар период. Најдобро би било да се свртите кон средување на домот, на документите и битните нешта. Внимавајте да не заборавите на некои рокови што ги имате на работното место. Не запоставувајте ги роднините и пријателите, па иако можеби не сте расположени, посветете им време на драгите луѓе. Поминувајте повеќе време во домот со партнерот. Слободните, преку работното место може да запознаат некоја личност што ќе им се допадне.
Лав
За зафатените можни се проблеми во врска со партнерот. Потрудете се да се насочите на решавање на постоечките проблеми и не драматизирајте. Немојте да правите љубоморни сцени, но немојте ниту да му давате на партнерот повод за љубомора. Слободните претставници на знакот, на некое патување може да запознаат некоја занимлива и прилично комуникативна личност. Би било добро да не купувате нешта што не ви се потребни. На работното место нема да бидете посебно задоволни. Оваа недела е препорачлива за забава. Немојте да се оптоварувате со приказните на другите луѓе.
Девица
Фокусирајте се на себе си. Оваа недела е добра за работа, но и за љубов. Зафатените ќе уживаат, а слободните ќе се двоумат кого да изберат. Свртете се на уживање во добра книга, филм, добра храна. Помалку ќе бидете напнати поради помалите тензии во семејството, но решението е да се тргнете настрана и да не се оптоварувате. Потрудете се да го забавите малку ритамот и да внимавате што и кому му говорите.
Вага
Некакви промени се нагласуваат изминативе недели. Во текот на оваа и идната недела, ќе се расчисти некоја неизвесност. Тоа значи дека и вашите финансии ќе се стабилизираат. Работата подразбира дека ќе бидете повеќе во движење или патување, било за работа или до подалечно работно место. Внимавајте со кого се здружувате или што потпишувате. Многумина ќе размислуваат за почеток на приватен бизнис, но за сега само собирајте информации.
Шкорпија
Оваа недела ќе имате повеќе енергија од вообичаено. Добро се чувствувате. Немојте да бидете премногу крути во некои ставови поврзани за работата, попуштете малку за да почнете да ги завршувате обврските. Што се однесува до љубовта, немојте да криете некои работи од партнерот. Слободните може да влетаат лесно во авантура. На некое патување внимавајте каде го оставате паричникот и документите, особено во превозот, во сообраќајот. Добро ќе ви дојде диета, не претерувајте со зачинета храна.
Стрелец
Не оптоварувајте се премногу со тоа што мислат другите за вас. Можеби ќе имате помал застој на работното место, но дајте се од себе си и повеќе потрудете се за да ги надминете сите препреки. Бидете пријатни кон соработниците. Дури иако нешто не ви се допаѓа кај некоја личност со која што работите, не морате секому се да кажете во лице. Напнати сте, но напнатоста ќе се намали до крајот на неделата. Сакате да воведете некои промени на работното место. Дружете се повеќе со пријателите. Преку интернет или преку пријателите може да запознаете некоја занимлива, весела личност. Зафатените, треба да му приредат некое изненадување на партнерот.
Јарец
Некоја женска личност може да ви биде од помош на работното место. Потрудете се да се фокусирате на работата и на соработката. Ако се занимавате со уметност се ќе оди многу полесно. Можен е зголемен обем на работата. Склони сте кон флерт. Зафатените не треба да го запоставуваат партнерот поради работата. Можни се проблеми со грбот и со циркулацијата.
Водолија
Неделава можни се проблеми со техниката или некои помали дефекти. Ова не е добар период за купување нови предмети за во домот. Потрудете се да одите на некое пократко патување. Растоварете се некако. Очекувајте поддршка од партнерот во врска со работата. Слободните би било најдобро оваа недела да не влегуваат во некои сериозни приказни туку да се опуштат и да се посветат само на работата. Позитивни сте и одлично се чувствувате, а така ќе биде во текот на цела недела.
Риби
Прилично сте напнати поради работата. Подобра е соработката со жените отколку со мажите. Немојте да им позајмувате пари на другите. Зафатените не треба да влегуваат во расправии со партнерот. Ова не е добар период за решавање на било какви конфликти затоа што само ќе си направите поголем проблем. Оставете да помине оваа недела, да се смират страстите. Слободните се страстни и склони кон авантури.