Неделен хороскоп: 19.06 – 25.06.2017

Сподели

 

Овен

Важно ви е да се изборите за подобра работна позиција и делувате многу убедливо пред соработниците. Имате интересни идеи, но потребно е и одредено време околностите да се променат во ваша корист. Важно е да се прилагодите на различните творечки фази во работењето. Постојат обврски кои бараат примена на нови методи, но со почитување на зацртаните правила. Потрудете се подобро да го прилагодите своето однесување, покажете повеќе дискреција на различните средби и пред нови емотивни предизвици. Постои можност, некој лесно да ги разоткрие вашите „тајни намери“. Партнерот под будно око ве следи и прати вашето движење. Нови емотивни сомнежи може да ве приближат или да ве оддалечат од заедничките планови.

 

Бик

Не сакате да се замарате со разните забелешки кои ги добивате, имате впечаток дека се наоѓате чекор пред другите соработници и дека наскоро ви претстои нов успех. Поради добрите работно-финансиски проценки и детални планови, ве очекуваат дополнителни резултати. Важно е работите да ги држите под строга контрола и да се консултирате со сигурни соработници. Нема потреба наивно да ве верувате во интимна среќа која доаѓа неочекувано. Често на субјективен начин или на основа на личните мерила го проценувате однесувањето на партнерот. Бидете реални во своите емотивни очекувања пред саканиот(ата). Понекогаш личните желби ги надминуваат рамките на реалноста или емотивните надежи.

 

Близнаци

Ве очекуваат бројни обврски и нова расправа во договорот околу заедничките интереси. Соработниците ви забележуваат, дека своите лични интереси ги ставате во прв план или дека често спроведувате самоволие. Сепак, заострената работна клима ќе ве натера правилно да ги подмирите своите финансиски обврски. Потребно е да се прилагодите на различни услови кои водат кон ефикасно работење. Важно ви е да се наметнете како авторитетна личност во друштво на саканиот(ата). Упорно се обидувате да влезете во нечија љубовна трага или да разоткриете одредени тајни. Постои личност која негативно влијае на вашето расположение, но засега мора да ја трпите. Понекогаш е тешко да процените нечија улога или влијание во љубовниот однос.

 

Рак

Доколку ви е важно да го сочувате добриот работен рејтинг и успешен однос со соработниците, потребно е да прифатите корисен совет. Премногу сте горди и не сакате да зборувате за проблемите кои ве попречуваат, но на таков начин непотребно ја отежнувате својата работна или општествена позиција. Посветете внимание на својата здравствена состојба и избегнувајте ситуации кои психо-физички ве исцрпуваат. Во љубовниот живот, нема причина да се залажувате со големи илузии или нечиј ласкави ветувања. Разговарајте искрено со својот партнер за заедничките дилеми. Сигурно е само она што цврсто го „држите во своите раце“, без оглед на големите желби или нечиј изјави.

 

Лав

Сакате да ги спроведете своите работни намери, поради тоа не губете време и делувате многу енергично на средбата со соработниците. Практичниот дух и претприемчивоста гарантираат успешни резултати на различни страни. Умеете да ги наметнете своите ставови, дури и во ситуации кога околината не покажува посебно интерес за нови или современи идеи. Јасно го изразувате своето емотивно располжение и задоволство кога се наоѓате во блиско друштво. Партнерот упорно се обидува да ве наговори на своите планови, но вие се наоѓате во позиција да поставувате нови услови или „љубовни правила“. Вешто го користите својот шарм и проверени „љубовни манири“ во различни ситуации.

 

Девица

Делувате многу промислено и важно ви е да придобиете нечија доверба во работнитеонтакти. Информациите со кои располагате не претставуваат цврста гаранција за работен успех, но не ви пречи да преземете и соодветен степен на ризик. Понекогаш треба да имате јасна визија и префинето чувство за нови потези, бидејќи работните правила и околности брзо се менуваат. Посакувате поголема емотивна слобода и нова шанса да ги остварите своите намери, но се уште нема добри навестувања. Потребно е да се ослободите од некои емотивни предрасуди во своето размислување и однесување.

 

Вага

Оптоварени сте со различни обврски и нови идеи кои ги заговараат вашите соработници. Со забрзани методи се обидувате да завршите некои паралелни работи. За жал, немате доволно трпение за соработниците кои го успоруваат вашиот службен договор. Потребно е да остварите нови контакти, кои ќе ви овозможат подобри услови за професионално напредување. Внимателно го анализирате својот љубовен живот и имате оптимистичка визија. Со малку добра волја умеете да го задоволите својот партнер, ве радува сознанието дека вашите емотивни желби и интереси се преклопуваат. Понекогаш сте склони  кон претерана идеализација на љубовните случувања, но постои некој кој ве насочува да прифатите пореална слика.

 

Шкорпија

Делувате многу снаодливо во проценката на добри ситуации и по испробан рецепт ги повторувате „успешните формули“ во деловно-финансиската соработка. Продолжете да поттикнувате креативност во идеите, но не се откажувајте ниту од материјалните резултати. Вашата добитна комбинација претставува спој од убави и корисни работи во различни правци. Поради повремената сомничавост ви недостасува почетниот занес или емотивна храброст, во потполност да ги изразите своите намери пред блиска личност. Сепак, љубовните околности се менуваат во ваша корист. Уживате во нови случувања и во нечие блиско друштво, нема причина да поставувате „погрешни прашања“ на драга личност.

 

Стрелец

Не дозволувате некој неправедно да ве критикува или да ги оспорува вашите работни резултати, потрудете се да ја контролирате својата суета. Наместо да се натпреварувате и да се надмудрувате со соработниците кои имаат различни критериуми, променете го својот стил на однесување. Нема потреба по нечие наговарање да влегувате во финансиски или имотен ризик. Со работната сатисфакција неопходен ви е и семеен мир и разбирање на партнерот, како би го усогласиле својот ритам и би оствариле потполна психолошка рамнотежа. Сакате да импресионирате една драга личност, но избирате необични ситуации и претерувате во изразувањето на своите чувства. Сепак желбата за емотивна фасцинација, понекогаш може да донесе и погрешен ефект.

 

Јарец

Делувате многу одговорно пред своето опкружување и не дозволувате некој да го менува вашиот работен ритам или планови. Ви импонира сознанието дека соработниците имаат доволно доверба во вашето знаење или способности. Распоредете ги своите обврски по категории на важност и исплатливост, нема потреба да се замарате со некои споредни планови. Доколку вашите чувства се наоѓаат пред гласот на разумот тоа дополнително влијае на вашата несигурност, но претставува и добар предзнак. Разубавете го својот љубовен живот, потрудете се да делувате доволно заносно и привлечно на саканиот(ата). Понекогаш треба да се препуштите на ритамот на чувствата, без непотребни емотивни кочници и предрасуди. Спонтаноста во изразувањето на чувствата донесува нов„љубовен шарм“.

 

Водолија

Доколку ви е важно да ги остварите своите работно-финансиски цели, потребно е да имате добра концентрација. Нема причина да ги преценувате личните можности, постојат ситуации кои го надминуваат вашето знаење и практично искуство. Работниот успех се сведува  на добро планирање и на договор за заедничките интереси или приоритети. Потребни ви се сигурни соработници. Доколку ви е важно помирување со саканиот(ата), употребете ги своите „скриени адути“ како би оствариле сериозен впечаток. Бидете доволно имагинативни и осмислете добра љубовна стратегија. Партнерот нема да одолее пред вашата појава и „љубовни црти“. Осмислете нов настап и стил на однесување.

 

Риби

Доколку своите идеи ги претставите на интересен начин, ве очекува позитивен одзив и поддршка меѓу соработниците. Потребно е да испланирате различни детали, кои делуваат поттикнувачки на околината и воедно ја поддржуваат заедничката визија за успешна соработка. Јасно ви е дека завршната фаза во службените преговори има одлучувачко значење. Посакувате нова или возбудлива романса. Слободно покренете ја својата фантазија и заводнички способности, посебно кога се наоѓате во друштво на личност која ви се допаѓа. Доколку имате постојан партнер, потребно е да се ослободите од взаемната недоверба или емотивна кочница која ве попречува во слободното изразување. Потпрете се на својата интуиција.