Неделен хороскоп 24.10 – 30.10.2016

Сподели

 

oven

Овен

Ќе делувате многу импулсивно и избрзано пред другите, а често и пред себе. Чувствувате дека се` околу вас е некако заспано, а вас тоа толку многу ве нервира и ве вади од такт, па можеби и ќе влегувате во поголеми распраии со околината. Навистина ви е потребен мир, а ако имате шанса за некое деловно патување не ја препуштајте. Доколку сте во можност одложете го решавањето на некој важен проблем за во друга прилика. Можеби ќе ви се појават компликации, па ќе бидете принудени да реагирате.

 

 

bik

 

Бик

Не сте во можност да одбирате, но потрудете се најбезболно да го поминете овој период. Некои од вас ќе добијат понуда за работно унапредување, но малкумина ќе ја прифатат, или ќе биде малку платена или нема да одговара на вашите квалитети. Лесно остварувате деловни успеси, но во овој период ќе се пожалите на истите. Само со упорност и истрајност ќе ги постигнете очекуваните резултати. За големата количина на напнатост делумно ќе бидат причина и професионалните контакти и односите со соработниците.

 

bliznaci

 

Близнаци

Ќе имате желба за работа и успешно ќе ги извршувате работните задачи. Внимавајте сликата која ќе ја прикажувате неделава, може кај некои ваши колеги да предизвика љубомора. Ќе имате многу деловни контакти и разговори и многу од нив ќе бидат усшешно завршени. Односите со околината ви се подобруваат и ова е добар момент да извршите важни разговори. Настојувајте да бидете брзи и искористете ја секоја прилика која ќе ви се укаже. Многу ќе ви користи движење, а кратките патувања ќе ви донесат голема корист и ќе ве освежат.

 

rak

 

Рак

Проблемите од минатата недела ве натераа задлабочено да размислите околу некои проблеми, па така неделава ќе сакате да се повлечете во себе се` додека на некои од нив не им дојде крајот. Вашите идеали ве доведоа во незавидна положба, па сега преиспитувате дали да ги менувате нив или да вложите дополнителни напори за да ги достигнете. Односите со околината ви се доста нестабилни и крајно време е да се обидете да ја поправите таквата ситуација. Навистина во моментот треба да бидете потолерантни, а влегувањето во расправии без причина само може уште повеќе да ги разниша односите со соработниците.

lav

 

Лав

Моменталната ситуација од вас бара одлучно делување и прилагодување на новите животни прилики и многу брзи реакции. Во работата вложувате додатен напор, но тоа ќе ви се ислати. Само продолжете со ова темпо. Послушајте ги советите од страна. Во односите со соработиците ќе морате да бидете потрпеливи ако сакате добра соработка. Пријателите можат да ви подарат пријатни моменти и радост и нема да згрешите ако ги прифатите понудите за поинтензивно дружење со нив.

 

devica

 

Девица

И покрај тешкотиите со кои ќе се соочите неделава сепак ќе најдете сила да издржите. Вашите квалитети и потенцијали многу тешко ќе ги изразувате. Ќе бидете премногу чуствителни на се што ќе се случува со вас. Внимавајте во работата и обидете се да бидете целосно концентрирани. Не го очекувајте невозможното обидете се да ги обновите односите со луѓето кои се поврзани со вашите проблеми. Имате шанси некаде да отпатувате. Искористете го тоа. Контактите со претпоставените ќе ве разочараат, но тоа не треба да ве запира во работата. Бидете поупорни. Ќе поминувате доста време во друштво со пријателите, а тоа добро ќе ви дојде после работа.

 

09072012120501-v-horoskopski-znak-vaga

 

Вага

Работните задачи ќе ги извршувате без никакви потешкотии и пречки. Доста разговори со вашите колеги и заедничкото решавање на проблемите ќе ве прават среќни и ќе чувствувате дека повторно сте во шема. Ако имате намера да инвестирате во недвижнини затоа што сте дошле до поголема количина на пари, а не би сакале да пропаднат, не се залетувајте премногу туку побарајте совет од стручни лица.

 

skorpija

 

Скорпија

Ништо не ќе може да ве изненади неделава. Ќе бидете некако настрана и незаинтересирани за околината. Вашите пријатели ќе помислат дека нешто се случува со вас и ќе сакаат да ви помогнат. Секако дека нема потреба, тоа е само моментална ситуација која многу брзо ќе мине. Нема да имате многу слободно време, напорно ќе работите додека другите околу вас гледаат да избегнат секаква работа. Не се занимавајте со неважни работи, бидејќи можете да запоставите еден доста важен проблем.

 

strelac

 

Стрелец

Не ја губете силата на работи на кои малку можете да делувате, бидејќи многу ќе се нервирате. Вашите имагинативни можности се нагласени, ќе се занимавате со уметност и работи за кои е неопходна фантазија. Иако имате многу причини да бидете задоволни сепак нешто не ве остава на мир. Секогаш сакате повеќе иако знаете дека тоа е невозможно. Откријте што. Задлабочете се во проблемот кој ве мачи; концентрацијата и истражувањето ќе ви биде од корист. Искажете го своето мислење и уверете ги другите во вашите точки на гледиште. Одлично ќе се снаоѓате во комуникациите со поголем број на луѓе. Од околината ќе бидете добро прифатни, а вашите идеи ќе влезат во план за рализација.

 

09072012121432-v-horoskopski-znak-jarac

 

Јарец

Ќе мислите на себе и на она што сакате да го постигнете. Ако не можете да се решите по кој пат да тргнете, добро размислете за последиците и запрашајте се што ќе ви донесе иднината. Немојте да рескирате, потрудете се да го извлечете максимумот, склопувајте нови пријателства и без срам наметнувајте се на вашата околина. Одлично ви се аспектирани трајните работи кои бараат многу упорност и трпеливост. Вашата позиција е стабилна, но кога станува збор за амбициозни проекти ќе мора да причекате уште некое време.

 

vodolija

 

Водолија

Ќе бидете оптеретени во текот на целиот период и ќе се чуствувате доста заморно, но не смеете да потклекните на тешкотиите и едноставно пробајте да издржите и да се борите. Ќе се соочите со финансиски тешкотии, а тоа многу ќе ве загрижува. И покрај големите обврски ќе имате доволно време да размислите за потезите кои порано сте ги имале превземено, но и за нови акции кои би можеле да вродат со плод. Во сето тоа ќе ви биде неопходна поддршката од колегите, а пред се од вашите претпоставени. Во врска со тоа планирајте и службен пат.

 

ribe

 

Риби

Интензивен период кој ви носи многу збиднувања и напнатост. Ќе бидете доста експлозивни и ќе чувствувате потреба да превземете нешто, да се докажете, но за жал тоа нема да ви оди така лесно. Отпорите од ваша страна ќе бидат нагласени, па тоа ќе ви донесе судири со околината. Совладајте се и не реагирајте бурно. Само во работата ќе заборавате на лошата ситуација и проблемите кои се присутни. За депресија и немате време бидејќи работата ви е на прво место. Иако некои луѓе ќе сакаат да ве извадат од колосек, сепак во тоа нема да успеат. Имате предност во извесни ситуации, па искористете ја на најдобар можен начин.