Неделен хороскоп – 26.12.2016 – 01.01.2017

Сподели

Давате и добивате добри совети во овој период. Просперитетот е можен кај поголемиот дел на припадниците на овој знак. Поволен период доколку соработувате со странци или работите во некој голем колектив, каде ќе дојдете до израз. Вашите креативни идеи и предлози ќе наидат на одобрување од колегите. Можеби ќе ви понудат проект на кој можете добро да заработите или пак, хонорарна работа. Финансиите ви се подобруваат. Токму кога помисливте дека сте заборавиле една личност и дека е време да продолжите понатаму, таа повторно се враќа во вашиот живот. Време е да го дефинирате тој однос и да го поставите на свое место.

Бик

Ќе бидете премногу чуствителни на се што ќе се случува врз вас. Внимавајте во работата и обидете се да бидете целосно концентрирани. Не го очекувајте невозможното обидете се да обновите односите со луѓето кои се поврзани со вашите проблеми. Имате шанси некаде да отпатувате. Искористете го тоа. Контактите со претпоставените ќе ве разочараат, но тоа не треба да ве запира во работата. Бидете поупорни. Ќе поминувате доста време во друштво со пријателите, а тоа добро ќе ви дојде после напорната работа.

 

Близнаци

Ќе делувате многу импулсивно и избрзано пред другите, а често и пред себе. Чуствувате дека се околу вас не ја задоволува вашата потреба за динамика и движење, а вас тоа толку многу ве нервира и ве вади од такт, па можеби и ќе влегувате во поголеми распраии со околината. Навистина ви е потребен мир, а ако имата шанса за некое патување не ја препуштајте. Доколку сте во можност оддложете го решавањето на некој важен проблем за во друга прилика. Можеби ќе ви се појават компликации, па ќе бидете принудени да реагирате.

 

Рак

Ќе мислите на себе и на она што сакате да го постигнете. Ако не можете да се решите по кој пат да тргнете, добро размислете за последиците и запрашајте се што ќе ви донесе иднината. Немојте да ризикувате, потрудете се да го извлечете максимумот, склопувајте нови пријателства и без срам наметнувајте се на вашата околина. Одлично ви се аспектирани трајните работи кои бараат многу упорност и трпеливост. Вашата позиција е стабилна, но кога станува збор за амбициозни проекти ќе мора да причекате уште некое време.

Лав

Ништо не ќе може да ве изненади неделава. Ќе бидете некако изолирани и незаинтересирани за околината. Вашите пријатели ќе помислат дека нешто се случува со вас и ќе сакаат да ви помогнат. Секако дека нема потреба, тоа е само моментална ситуација која многу брзо ќе мине. Нема да имате многу слободно време, напорно ќе работите додека другите околу вас гледаат да избегнат секаква работа. Не се занимавајте со неважни работи, бидејќи можете да го запоставите еден доста важен проблем.

 

Девица

Моменталната ситуација од вас бара одлучно делување и прилагодување на новите животни прилики и многу брзи реакции. Во работата вложувате додатен напор, но тоа ќе ви се ислати. Само продолжете со ова темпо. Послушајте ги советите од страна. Во односите со соработиците ќе морате да бидете потрпеливи ако сакате добра соработка. Пријателите можат да ви подарат пријатни моменти и радост и нема да згрешите ако ги прифатите понудите за поинтензивно дружење со нив.

 

Вага

Не сте во можност да одбирате, но потрудете се најбезболно да го поминете овој период. Некои од вас ќе добијат понуда за работно унапредување, но малкумина ќе ја прифатат, или ќе биди малку платена или нема да содејствува со вашите квалитети. Лесно остварувате деловни успеси, но во овој период ќе се пожалите на истите. Само со упорност и истрајност ќе ги постигнете очекуваните резултати. За големата количина на напнатост делумно ќе бидат причина и професионалните контакти и односите со соработниците.

 

Шкорпија

Комуникативни сте. Не ви е лесно да излезете на крај со обврските кои ве чекаат. Свесни сте дека се треба да изработите на време и да ги постигнете зададените рокови. Не губете време на ситници, на разговори со колеги кои не се продуктивни, туку посветете се на работата, а се друго лесно ќе дојде на ред. Некое планирано патување од поодамна, сега лесно се остварува. Доколку одамна чекате некои разрешница на некои правни и административни прашања, би требало да стигне во текот на оваа недела.

 

Стрелец

Оваа недела имате прилив на пари. Добро се чувствувате, бидејќи имате чувство дека ќе бидете наградени за целиот досегашен труд. Во текот на оваа недела се сумираат резултатите од предходниот период. Разочарани сте на реакциите од другите на вашиот успех, но важно е што мислите вие за себе. Немојте премногу да ги анализирате работите и дозволете спонтано да се развиваат. Бидете поодговорни во располагањето со материјалните средства и планирајте ја иднината.

 

Јарец

Вашите потреби, ставете ги на прво место. Имате неколку дилеми кои ве ставаат во неблагодарна позиција. Се нервирате дека работите одат поспоро, отколку порано. Имате чувство дека пред другите треба да се правдате за вашите постапки, но тоа не е потребно. Гледајте се себе и одмарајте. Се очекува развој на финансиско и професионално поле, но соработката со некои колеги ќе биде отежната. Одржувајте коректен и балансиран однос со сите од вашето опкружување. Можеби ќе размислувате за промена во ставот кон некои личности, но во спроведувањето на одлуките земете го во предвид и вашето учество во креирањето на постоечките проблеми.

 

Водолија

Многу работи ви се вртат низ главата. Проаѓате низ променливи расположенија. Треба повеќе да се посветите на работата. Во почетокот од неделата, може да биде стресно извршувањето на обврските, но веќе од четврток, работите ќе се нормализираат. Не вклучувајте премногу емоции во контактите со соработниците. Не го запоставувајте семејството заради обврските на работа. Внимавјте повеќе на своето здравје. Обидувајте се да го редуцирате стресот.

 

Риби

Време е да се посветите на идеите кои се некаде потиснати. Не ја запоставувајте вашата креативност. Обидете се помалку пари да трошите, туку на себе. Многу сте чувствителни и романтични. Некоја личност од минатото можеби ќе се врати во вашиот живот. Носталгични сте. Обидете се да расчистите некои спорни прашања на партнерско ниво. Во првите денови од неделата ќе се справувате со предзивици во односите, но од среда работите тргнуваат во нагорна линија, а вие точно ќе знаете што треба да правите за да ви биде подобро.