Неделен хороскоп од 17 – 23. септември

Сподели

Овен

Во однос на работата, бидете внимателни во комуникацијата и документацијата до 22 септември, додека планетата Меркур е во ретрограден од. Имате појасна слика и подобри услови за работа, а доаѓа и промена во енергијата во вашето поле на кариера.

На полето на љубовта, многу Овни кои се во долга врска ќе решат да запловат во брачните води.

Добро се чувствувате оваа седмица.

 

Бик

Оваа недела ви носи подобрување на финансиската ситуација, која ќе ја почувствувате до 22 септември.

На полето на љубовта нема да се случува многу во текот на оваа недела, бидејќи многу Бикови својата емоционална и еротска енергија ќе ја насочат на полето на работата, студиите и учењето.

Здравјето е одлично, оваа недела.

 

Близнаци

Вашата планета Меркур се движи ретроградно, што значи дека треба да бидете внимателни во комуникацијата со колегите.

На полето на љубовта, на една прослава нема да останете рамнодушни, бидејќи ќе запознаете интересна личност родена во знакот Вага, Девица, Лав или Стрелец.

Вежбајте повеќе, оваа недела.

 

Рак

На полето на кариера, оваа недела ќе ве мачи една понуда и промена на работното место. Тоа може да ве стави во непријатна ситуација, па добро би било да земете мал одмор, доколку сте во можност.

На полето на љубовта, по долго додворување, доаѓа средба со личност која ви се допаѓа.

Шетајте повеќе оваа недела.

 

Лав

Во текот на оваа недела, успешни ќе бидат сите оние кои се занимаваат со маркетинг, медиуми, дизајн, градинарство и архитектура. Само напред.

Во љубовта, вашата посотјаност, грижливот и љубов постепено ќе ја смират саканата личност и ќе имате убава и хармонична недела. Ве очекува зближување со таа личност.

Вежбајте повеќе.

 

Девица

Од 22 септември, ќе бидете во можност да го вратите угледот на вашата компанија и да заблескате како ѕвезда на работното место.

Оваа недела, на полето на љубовта ве очекува ментална рехабилитација. Ќе се одалечите од другите, но тоа ќе ви дојде одлично.

Здравјето е солидно.

 

Вага

Невработените Ваги во текот на оваа недела ќе имаат можност да најдат работа. Среќно, ова е ваша недела.

Оваа недела ќе се вратите во забавно-друштвениот живот. Го сакавте тоа некое време, но потребен ви беше мир. Сега е време за флерт и уживање.

Можни се главоболки и проблеми за оние кои ги мачи мигрената.

 

Шкорпија

Конечно, на полето на кариерата, нова работна ситуација ќе се покаже како многу корисна. Тоа ќе ви помогне да ја зголемите месечната заработувачка.

Крајот на месецот ви носи средба со сродна душа, која ќе ја најдете во еден од знаците Риби, Рак, Шкорпија или Вага.

Бидете поактивни и повеќе време минувајте во природа.

 

Стрелец

Оваа недела ви носи склучување на корисни договори, кои ќе ви овозможат поголема заработувачка, но и ширење на бизнисот.

До 22 септември, Меркур е во ретрограден од и ви создава проблеми на полето на љубовта. Можни се конфликти, но потрудете се да ги надминете.

Здравјето е одлично.

 

Јарец

Вашето работно место ќе биде дефинирано во текот на оваа недела, а со нова енергија и сила ќе и пристапите на работата.

Можна е интересна романтична ситуација со колега или колешка, која ќе се развие од заедничко кафе или ручек.

Оваа недела ве мачат главоболки.

 

Водолија

Потребен ви е малку одмор, бидејќи немате енергија да и се посветите на работата како што се бара од вас.

Нема многу случувања на полето на љубовта до 22 септември, додека планетата Меркур не почне да се движи директно.

Добро се чувствувате оваа недела.

 

Риби

Оваа недела ќе се стишат бурите на работното место, а ќе имате и повеќе енергија да се посветите на обврските.

По долго време, оваа недела ќе си дозволите да бидете преплавени од емоции.

Ослободете се од стресот со помош на физички активности.