Нема простор за паника кај хронично билните-мерката е за да ги заштити ризичните пациенти

Сподели

 

“Утрово, се сретнав со претставниците на здруженијата на пациенти. На средбата, тие ги изнесоа своите предлози за доследно спроведување на одлуката на Владата по препорака на Комисијата за заразни болести, хронично болните да се вратат на работа, а притоа да не се прават злоупотреби на системот.

 

Станува збор за широка категорија и идеата е да ја сведеме на поткатегории со цел да не се злоупотребува системот и да биде фер за сите, односно оние кои треба да се дома и кои се навистина во ризик, да останат дома.

Хронично болните имаат рок до 23-ти септември да посетат специјалист и да добијат потврда со која поради нивната дијагноза и состојба нема да можат да се вратат на работа. За да можат да го реализираат тоа, ќе бидат пуштени дополнителни термини на Мој Термин и е-амбуланта. Доколку до 23 септември овие пациенти не стигнат да ги обезбедат потврдите, ќе се остави простор за пролонгирање.

Нема простор за паника бидејќи мерката е димензионирана за да ги заштити ризичните пациенти” – изјави министерот Филипче по средбата со претставниците на здруженијата на пациенти.