Раководството и политичарите во Македонија ќе мора да донесат крупни одлуки за иднината на својата земја, изјави посредникот на ОН во грчко-македонските разговори за името Метју Нимиц.
Коментирајќи го недоволниот одѕив на гласачите на неделниот референдум во Македонија, Нимиц во изјава за грчката ТВ Антена во Њујорк вели дека фокусот треба да се стави на оние кои излегоа и гласаа „за“, бидејќи оние кои се против и не гласаа не нудат друга алтернатива.
Преспанскиот договор, според Метју Нимиц, е најдобро можно решение и го отвора патот за стабилна иднина на целиот Балкан.