НИМИЦ: Разговорите во Брисел најавуваат решение на спорот за името кое ќе доведе до стабилизација на регионот

Сподели

Следната година може да се најде решение на проблемот со името, изјави во Брисел медијаторот Матју Нимиц, по завршување на првиот круг од преговорите меѓу Атина и Скопје за надминување на спорот, соопшти грчкиот весник „Катимерини“.

Нимиц изјави дека бриселските разговори меѓу преговарачите Адамандиос Василакис и Васко Наумовски минале во „многу добра атмосфера“ и дека новата македонска Влада ова прашање го поставила како свој врвен приоритет и има намера да ги подобри односите со Грција.

Медијаторот, наведува „Катимерини“, исто така, кажал и дека оценката и на грчката страна е дека решавањето на спорот ќе доведе до стабилизација на регионот.