НЛБ Банка до клиентите: Не споделувајте кодови, пинови

Сподели

 

НЛБ Банка ги известува своите клиенти дека се детектирани обиди за злоупотреба на податоци и сметки, кои од Банката веднаш ги пресретнале и спречиле, но ги предупредуваат клиентите да бидат особено внимателни при споделување на своите лични и банкарски податоци.

“Особено е важно следниве податоци никогаш да не се споделуваат, како активациските кодови за електронско и мобилно банкарство, кодовите за интернет плаќања, ПИН кодовите од платежните картички со други лица, дури и ако лицето се идентификува како претставник од Банката” – стои во соопштението од НЛБ Банка. “Овие податоци никогаш нема да им бидат побарани на клиентите од ниту едно лице вработено во НЛБ Банка.”