Ноќеска започнува зимското сметање на времето

Сподели

 

Зимското сметање на времето започнува вечерва кога во 03:00 часот стрелките ќе се вратат еден час назад до 02:00 часот.

Зимското сметање на времето почнува секој последен викенд во октомври и трае до последниот викенд во март следната година, кога повторно настапува летното сметање на времето.

И покрај најавите дека поради заштеда на струја може да се одложи преминот кон зимско сметање на времето, сепак во недела ќе ги поместиме стрелките на часовникот еден час наназад.