Нов цевковод за подобро водоснабдување на жителите од високите зони во Аеродром

Сподели

 

 

Од програмата За модерно Скопје, изработена е инвестициско техничка документација за проект наменет за високата зона во Аеродром. Градското јавно претпријатие Водовод и канализација-Скопје, изработи проектно техничка документација за нов цевковод за високата зона во Аеродром.

Определена е оптимална и изводлива траса за реализација и во проектната документација предвидена е нова магистрална водоводна мрежа со профил од 300мм, заради обезбедување на втор довод на вода за високата зона во Општина Аеродром.

Со реализацијата на овој проект целосно ќе се надминат предизвиците со водоснабдувањето, поради дефекти на постоечката мрежа. Со проектот се обезбедува резервен довод на вода до уличните мрежи во населбите каде што постои циркулациона дистрибутивна мрежа од високата зона, паралелна со дистрибутивната мрежа во ниската зона.