Нов Зеланд: Земјотресот го подигна нивото на морето и го измени изгледот на брегот

Сподели

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Нов Зеланд во неделата, а епицентарот на земјотресот е регистриран во близина на Kaикоура, град што веќе никогаш нема да биде ист

new-zeland

МЕЛБУРН (АА) – Катастрофалниот земјотрес што минатиот викенд го погоди Нов Зеланд предизвика подигање на нивото на морето и значително го промени изгледот на брегот во градот, јавува Anadolu Agency (AA).

Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди Нов Зеланд во неделата, а епицентарот на земјотресот е регистриран во близина на Kaикоура, град што веќе никогаш нема да биде ист.

Џошу Маунтџој, геолог од Националниот институт за истражувања на водата и атмосферата во Велингтон, во Нов Зеланд, изјави дека овие промени во нивото на морето се видени за првпат во современата научна историја на оваа земја.

Во земјотресот што се случи во неделата, во Нов Зеланд, загинаа најмалку две, а беа повредени 20 лица. Речиси комплетната инфраструктура во Kaикоура беше уништена.