Нова алтернатива ќе оди со свои листи во сите 6 изборни единици

Сподели

 

Данела Арсовска, градоначалничката на Град Скопје и претседателката на партијата Нова алтернатива, на претстојните парламентарни избори ќе се кандидира во првата изборна единица.

Денеска во емисијата „Студио 10“ на ТВ 24 Арсовска најави дека партијата на претстојните парламентарни претседателски избори ќе настапи со сите капацитети што ги има партијата.

Нова алтернарива ќе оди со свои листи во сите 6 изборни единици, а кој ќе биде кандидат за претседател ќе кажат органите на партијата откако ќе се проценат позитивните и негативните страни.

– “Да им кажеме и покажеме на граѓаните дека работите можат да фунционираат и дека треба да се променат. Потребни се одговорни политичари, а не лажговци и манипуланти. Ние ќе излеземе на изборите и ќе освоиме онолку гласови колку што сметаат граѓаните и ќе ни биде чест. Јас ќе бидам носител на листата од Нова алтернатива во Изборна единица 1 и тој предизборен дуел граѓаните треба да го очекуваат”, вели Арсовска