Нови „бомби“ објавени на руската социјална мрежа ВКонтакте

Сподели

Прислушувани телефонски разговори, “нови бомби” денеска беа објавени на руската социјална мрежа „ВКонтакте“ од корисник под псевдонимот „Илија Громовник“.

Еден од разговорите наводно е меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, другиот е меѓу професор Љубомир Фрчкоски и аналитичарот Алберт Муслиу, третиот меѓу поранешниот претседател Бранко Црвенковски и негова соработничка, а на четвртот разговор веројатно се слуша гласот на поранешен директор на ЕЛЕМ.

Не е јасно во кој период се одвиваат разговорите.

Од Специјалното обвинителство гарантираат дека од кај нив дека нема протечено ниту еден материјал и најавија дека ќе проверат дали ги поседуваат истите разговори, јави телевизијата 24 вести.

Според објавените разговори, се чини дека станува збор за досега необјавени материјали. Ова не е прв случај на интернет од непознати профили и адреси да бидат пуштани прислушувани разговори во кои се функционери од опозицијата или власта.