Бахреинската компанија „Инвесткорп“ е блиску до преземање на сопственоста на фудбалскиот клуб Милан, а новите сопственици сакаат да изградат посебен стадион за тој клуб, објавија италијанските медиуми.
Договорот за преземање од 1,18 милијарди долари се очекува да биде финализиран следната недела, бидејќи прелиминарните договори ќе бидат потпишани следниот четврток и петок.
Извршниот директор на компанијата Мохамед Ел Арди е убеден дека Милан треба да има свој стадион, а не да го дели со градскиот ривал Интер.
Ел Арди смета дека стадионот мора да биде во сопственост на Милан и секој ден да биде посветен на навивачите на тој клуб.
Проектот за изградба на нов заеднички стадион меѓу Милан и Интер беше одобрен на крајот на минатата година, но се беше доведено во прашање поради јавната расправа, која нема да се одржи пред мај месец.
Градежните работи на „Сан Сиро“ нема да започнат пред 2027 година, па клубовите од Милано размислуваат да се иселат од градот и да изградат стадион во општината Сесто Сан Џовани.
The post Нови сопственици, нови желби, нов стадион! – Од каде доаѓаат новите газди на Милан? appeared first on Спорти.
Powered by WPeMatico