Нови жртви во поплавите во Германија и во Франција

Сподели

POPLAVI-FRANCIJA-INFOMAKS

Германските власти соопштија дека тела на шест жртви од поплавите во Баварија се пронајдени во близина на границата со Австрија. Во Франција, пак, две лица загинале во поплавите.

Германските власти наведуваат дека телото на 65-годишен човек е пронајдено синоќа во градот Зимбах ам Ин, кој беше поплавен во средата.

По повлекувањето на водата, продолжува потрагата по исчезнатите луѓе, а надлежните се обидуваат да пронајдат постара двојка во Зимбах ам Ин.

Во поплавите во Германија настрадале 10 луѓе, од кои четири во областа Баден-Виртемберг, западно од Баварија.

Министерството за внатрешни работи на Франција соопшти дека 74-годишен маж синоќа паднал во река во регионот Сена, источно од Париз, додека јавал на коњ.

Претходно оваа недела, 86-годишна жена починала во својот поплавен дом, југоисточно од Париз.

Министерството за внатрешни работи наведе дека 20.000 луѓе се евакуирани од своите домови низ Франција, додека нивоата на реките и понатаму се зголемуваат. Се очекува дека Сена денеска ќе го достигне своето највисоко ниво.

Нови жртви во поплавите во Германија и во Франција