Новинари од „Џумхуриет“ обвинети за поддршка на мрежата на Фетулах Ѓулен

Сподели

Турскиот суд осуди 14 новинари вработени во весникот „Џумхуриет“ на затворски казни под обвинение за тероризам, додека тројца се ослободени, пренесува МИА.

– Новинарите се осудени од 2,5 до 7,5 години затвор. Уште едно лице, кое не беше вработено во „Џумхуриет“, обвинето е за активности на Твитер и е осудено на 10 години затвор, истакна адвокатот Озден Оздемир.

Новинарите од „Џумхуриет“ се обвинети за поддршка на мрежата на Фетулах Ѓулен, муслимански свештеник, кој за Анкара е инспиратор на неуспешниот обид за воен удар во Турција во 2016 година.

Осудените ги негираат обвинувањата.

– Ова не е пресуда по законот. Ова е политички случај, посочи Оздемир.