Новинарите бесплатно ќе добиваат информации од Централниот регистар и од Катастарот

Сподели

На денешната седница Владата на Република Македонија изразувајќи цврста заложба за почитување на неприкосновеното избирачко право и непреченото спроведување на изборниот процес ја усвои и изјавата за изразување силна политичка волја и поддршка на Владата и на нејзините институции за континуирана примена на етичкиот кодекс за медиумско известување, како за силно охрабрување на примената и почитувањето на системот за медиумска саморегулација.

– Правото на медиумите и на новинарите слободно и непречено да известуваат и да истражуваат, Владата денеска го поддржа со уште една мерка со која на медиумските работници им се овозможува право на бесплатно користење на услугите на Централниот регистар и на Агенцијата за катастар на недвижности, стои во сопштението од владината прес-служба.

Со оваа своја мерка, како што е посочено, Владата на Република Македонија им излезе во пресрет на барањата на новинарите и на новинарските здруженија и обезбеди слободен пристап до извори на информации од посебно значење за истражувачкото новинарство.