Новинарите ќе ја тужат државата за „27. април“

Сподели

Новинарите кои известуваа од упадот во Собранието на 27. април ќе ја тужат државата, бидејќи не ги заштитила.

Во оваа иницијатива досега се вклучени 15 новинари, но таа е отворена за сите кои известувале тој ден: сниматели, фоторепортери, но и вработени во законодавниот дом.

Во граѓанска постапка ќе бараат надомест на штета и утврдување на одговорност на пратениците кои со преземање или непреземање на дејства учествувале во созадавањето на штетата. Судските трошоци сами ќе ги подмируваат, а ќе ги застапува адвокатско друштво.

Новинарот Боби Христов, еден од иницијаторите, информираше  дека во моментов се во комуникација со правници и дека е можно тужбата да биде проширена и во граѓанска постапка да се утврди одговорноста на поединци во која со преземање или не преземање на одредени дејства придонеле до настанатата ситуација.