Ново рочиште за “Tарифа”

Сподели

Денеска во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот “Тарифа” на СЈО во кој се обвинети поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица.

Според обвинението на СЈО, обвинетите ја злоупотребиле службената положба при набавка на софтверски систем за потребите на  „Електрани на Македонија“ вреден околу 4 милиони евра. Обвинетите со неизвршување службена должност овозможиле правното лице „ЕРП Систем“ да се квалификува во втората фаза на јавната набавка иако немало доставено комплетна документација.